26.11.2022
Прослава на именденот на Архиепископот Јован и славата на манастирот „Св. Јован Златоуст“
Празникот на светиот Јован Златоуст, кој е именден на Архиепископот Јован, а воедно и слава на ставропигијалниот манастир „Св. Јован Златоуст“ во Битола, беше торжествено прославен со сеноќно бдение.
На бдението началствуваше Неговото Преосвештенство Епископот новобрдски г. Иларион од Српската Православна Црква, во молитвено присуство на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, и Преосвештените Епископи: брегалничкиот и Местобљустител битолски г. Марко и стобискиот и Местобљустител струмички г. Давид.
На светата Архиерејска Литургија началствуваше Неговото Блаженство Архиепископот охридски г.г. Јован, а после прочитаното Евангелие, на верниот народ со вдахновена беседа му се обрати Епископот новобрдски г. Иларион.
На крајот на богослужбата, Архиепископот Јован имаше пригодно празнично обраќање, по што за сите присутни беше приготвено послужување.
Со двата хора раководеа певците од хорот Мојсеј Петровиќ од Белград со протопсалтот Никола Попмихајлов.