Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

20.11.2022

На 19 ноември, сабота, во соборниот храм Свети Архангел Михаил, во Белград, се изврши свечениот чина на наречение на високодостојниот архимандрит Иларион, игумен на манастирот Драганац, кај Гњилане, за Епископ новобрдски.

Утредента, во недела, 20 ноември, во спомен-храмот Свети Сава, во Белград на светата Архијерејска Литургија беше извршено ракополагањето на архимандритот Иларион во чин Епископ, со титула новобрдски, како викар на Патријархот српски.

На Литургијата началствуваше Неговата Светсот Патријархот српски г.г. Порфириј, во сослужување со Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован и Преосвештениот Епископ стобиски г. Давид, од Православната Охридска Архиепископија, заедно со Високопреосвештениот Митрополит црногорско-приморски г. Јоаникиј и преосвештените епископи: бачкиот г. Иринеј, шумадискиот г. Јован, браничевскиот г. Игнатиј, милешевскиот г. Атанасиј, рашко-призренскиот г. Теодосиј, славонскиот г. Јован, тимочкиот г. Иларион, нишкиот г. Арсениј, ваљевскиот г. Исихиј, захумоско-херцеговачкиот г. Димитриј, шабачкиот г. Јеротеј, ремезијанскиот г. Стефан, мохачкиот г. Дамаскин, марчанскиот г. Сава и хвостанскиот г. Алексеј од Српската Православна Црква.