13.11.2022
Хиротонија на архимандритот Алексеј за Епископ хвостански
Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован сослужуваше на Светата Архијерејска Литургија во спомен-храмот Свети Сава, во Белград, на која началствуваше Неговата Светост Патријархот српски г.г. Порфириј и на која високодостојниот архимандрит Алексеј (Богичевиќ) беше ракоположен во епископски чин, со титула хвостански, како викар на српскиот Патријарх.
На Литургијата сослужуваше и Преосвештениот епископ брегалнички г. Марко од Православната Охридска Архиепископија заедно со архијереите: Високопреосвештениот Митрополит брегалнички г. Иларион од Македонската Православна Црква – Орхидска Архиепископија, Преосвештените епископи: банатски г. Никанор, бачки г. Иринеј, врањски г. Пахомиј, шумадиски г. Јован, браничевски г. Игнатиј, зворничко-тузлански г. Фотиј, милешевски г. Атанасиј, горњокарловачки г. Герасим, крушевачки г. Давид, славонски г. Јован, бихачко-петровачки г. Сергиј, нишки г. Арсениј, осјечкопољски и барањски г. Херувим, ваљевски г. Исихиј, и викарните Епископи: ремезијанскиот г. Стефан и марчанскиот г. Сава, од Српската Православна Црква.
Сослужуваше многубројно свештенство од разни епархии на Српската Православна Црква, а покрај многубројниот благочестив верен народ, на свечената богослужба присуствуваа и директорот на Управата за соработка со црквите и верските заедници на владата на Р. Србија, Д-р Владимир Рогановиќ и мноштво угледни личности од културниот и научниот живот на српската престолнина.