Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

21.11.2021

На празникот на Св. архангел Михаил и останатите небесни сили, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

Во неговата празнична беседа истакна дека православната теологија прави разлика меѓу глаголите: стварам и создавам. Стварањето е „ни од што”, додека создавањето е од предпосточка материја. Светот е створен, но човекот е создаден. Пред човекот, но исто така создадени се ангелите и демоните. Ниту еден од нив, ниту ангелите, но ниту демоните не се створени „ни од што”. Но, едните се утврдиле во доброто, другите во злото.