Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

14.11.2021

Во 21-вата недела по Педесетница, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

Во толкувањето на евангелската перикопа рече дека ниту е грев да се биде сиромав како Лазар, ниту пак сиромаштвото само по себе е добродетел, како што исто така не е грев да се биде богат, но уште помалку тоа само по себе е добродетел. Грев и кај сиромавиот и кај богатиот е ненаситноста, која кај сиромавиот поттикнува завист, а кај богатиот, ненаситноста како смисла на животот поттикнува уживање.