Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

07.11.2021

Во 20-тата недела по Педесетница, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г.  Јован служеше проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

Во проповедта по прочитаната евангелска перикопа кажа дека повеќето вистини во Евангелието се кажани во метафора, но токму тоа ги прави тие вистини современи и приемчиви на временско растојание од многу векови откако се објавени. Со сознанијата кои денес му се познати на човештвото,  необјасниво би било како е можно демонот да влегува во човекот ако на таков начин се прекршува законот за постоење на две различни тела на едно место во исто време. Но, ако оваа евангелска перикопа се толкува метафорично, современите сознанија за честиците можат да ни објаснат како демоните, но и ангелите можат да бидат присутни и да учествуваат во дејствата на другите створени битија.