Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

01.11.2021

Во манастирот „Свети Прохор Пчински“, во врањската Епископија, кадешто се наоѓаат чудотворните и мироточиви мошти на Светиот Прохор Пчински, денес, со свечена Архиерејска Литургија, беше прославен празникот на овој голем светител.

На Литургијата началствуваше Неговото Преосвештенство Епископот врањски г. Пахомиј, во сослужение на Преосвештениот Епископ брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко и Епископот нишки г. Арсениј.

На крајот од Литургијата беше направена и свечена литија, во продолжение беше организирана и програма од областа на културата, а потоа братството на манастирот за сите присутни приреди трпеза.