Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

14.10.2022

Неговата Светост Патријархот српски г.г. Порфириј беше востоличен на 14 Октомври 2022, на празникот Покров на Пресвета Богородица, во тронот на Архиепископите пеќки и Патријарсите српски.

На Неговата Светост Патријархот српски г.г. Порфириј, кој началствуваше на Светата Литургија во древниот манастир на Пеќката Патријаршија, му сослужуваа Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован и Преосвештените Епископи брегалнички г. Марко и стобиски г. Давид од Православната Охридска Архиепископија, како и Високопреосвештените Митрополити: дабробосанскиот г. Хризостом, црногорско-приморскиот г. Јоаникиј, будимпештанскиот и унгарски г. Иларион од Московската Патријаршија и преспанско-пелагонискиот г. Петар од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија; Преосвештените Епископи: сремски г. Василиј, будимски г. Лукијан, бачки г. Иринеј, жички г. Јустин, врањски г. Пахомиј, шумадиски г. Јован, зворничко-тузлански г. Фотиј, милешевски г. Атанасиј, дизелдорфски и германски г. Григориј, рашко-призренски г. Теодосиј, западноамерикански г. Максим, горњокарловачки г. Герасим, источноамерикански г. Иринеј, крушевачки г. Давид, славонски г. Јован, австриско-швајцарски г. Андреј, нишки г. Арсениј, далматински г. Никодим, осјечкопољски и барањски г. Херувим, ваљевски г. Исихиј, шабачки г. Јеротеј, западноевропски г. Јустин, ремезијански г. Стефан, мохачки г. Дамаскин и марчански г. Сава од Српската Православна Црква.

На крајот на торжествената богослужба, беше извршен свечениот чин на востоличување на Неговата Светост г.г. Порфириј во тронот на Архиепископите пеќки и Патријарси српски. Синодскиот акт за воведувањето на Патријархот г.г. Порфириј во тронот на пеќките Архиепископи и српските Патријарси го прочита Преосвештениот Епископ зворничко-тузлански г. Фотиј, член на Светиот Архијерејски Синод на Српската Православна Црква.

Патријархот г.г. Порфириј во древниот пеќки трон го воведоа Високопреосвештените Митрополити дабробосански г. Хризостом и црногорско-приморски г. Јоаникиј, кои на Неговата Светост, во таа пригода, му ги врачија патријаршиските инсигнии.