Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

04.10.2022

Во Врањската епархија, во Р. Србија, беше свечено одбележен јубилејот – 690 години на манастирот Св. Никола и 104 години од ослободувањето на градот Врање во Првата светска војна.

На Литургиското собрание во портата на манастирот Св. Никола началствуваше пратеникот на Неговата Светост Патријархот српски г.г. Порфириј – Преосветениот епископ нишки г. Арсениј, во сослужување со архијереи од Православната Охридска Архиепскопија: Преосвештените Епископи брегалнички г. Марко и стобиски г. Давид, архијереи од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Високопреосвештените Митрополити брегалнички г. Иларион и кумановско-осоговски г. Григориј, и Преосвештените Епископи на Српската Православна Црква: бихачко-петровачкиот г. Сергиј, осјечкопољскиот и барањски г. Херувим, ваљевскиот г. Исихиј и домаќинот – врањскиот г. Пахомиј.

По Литургијата, архијереите и верниот народ отидоа до спомен костурницата каде се погребани постраданите во Првата светска војна, од градот Врање и околината. Беше извршено осветување на костурницата, беше отслужен парастос за постраданите и беше прекршен славскиот колач.

Обележувањето на овој јубилеј заврши со свечена академија во портата на манастирот Св. Никола, во присуство на високи црковни и државни званичници.