Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

03.10.2022

На 2 Октомври 2022, недела, на светата архијерејска Литургија која беше служена во дворот на Соборниот храм во Нови Сад, на која началствуваше Неговата Светост Патријархот српски г.г. Порфириј, во сослужение со многубројни архијереи на Српската Православна Црква и на сестринските помесни Цркви, беше извршен свечениот чин на канонизација на свети Иринеј (Ќириќ), епископ бачки, исповедник, на верата, и на светите бачки маченици.

На Неговата Светост му сослужуваше Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован заедно со Митрополитот аркадиски г. Василиј од Антиохијската Патријаршија, Митрополитот будимпештански и унгарски г. Иларион од Руската Православна Црква, Митрополитот на Крф г. Нектариј од Православната Црква на Грција, Архиепископот михаловско-кошички г. Георгиј до Православната Црква на Чешките земји и Словачка, Митрополитите преспанско-пелагониски г. Петар, дебарско-кичевски г. Тимотеј и повардарски г. Агатангел, од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепскопија, Епископите: брегалнички г. Марко и стобиски г. Давид од Православната Охридска Архиепископија, и сремскиот г. Василиј, будимскиот г. Лукијан, банатскиот г. Никанор, бачкиот г. Иринеј, британско-скандинавскиот г. Доситеј, врањскиот г. Пахомиј, шумадискиот г. Јован, браничевскиот г. Игнатиј, зворничко-тузланскиот г. Фотиј, милешевскиот г. Атанасиј, горњокарловачкиот г. Герасим, крушевачкиот г. Давид, славонскиот г. Јован, бихачко-петровачкиот г. Сергиј, тимочкиот г. Иларион, нишкиот г. Арсениј, далматинскиот г. Никодим, осјечкопољскиот и барањски г. Херувим, ваљевскиот г. Исихиј, шабачкиот г. Јеротеј, ремезијанскиот г. Стефан, хвостанскиот г. Јустин, мохачкиот г. Дамаскин, марчанскиот г. Сава, и вомировените Епископи: зворничко-тузланскиот г. Василиј, средноевропскиот г. Константин, канадскиот г. Георгиј и милешевскиот г. Филарет од Српската Православна Црква.

На Литургијата беше прочитана одлуката на Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква за прибројување на бачките маченици и на епископот Иринеј (Ќириќ) во ликот на светителите, по што беше отпеан тропар за мачениците и беа претставени иконите на новопрославените светители.