Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

03.10.2021

Неговата Светост Патријархот српски г.г. Порфириј началствуваше на 3 Октомври 2021 година во Соборниот храм Свети Сава во Белград со светата архијерејска Литургија и со свечениот чин на хиротонија на избраниот и наречен високодостоен архимандрит Сава (Бундало) во чин на Епископ марчански, викар на српскиот Патријарх.

На Неговата Светост Патријархот г.г. Порфириј му сослужуваше Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, заедно со Архиепископот мадавски г. Аристовул од Ерусалимската Патријаршија, Митрополитот црногорско-приморски г. Јоаникиј и Преосвештените Епископи: будимски Лукијан, банатски Никанор, бачки Иринеј, британско-скандинавски Доситеј, врањски Пахомије, шумадијски Јован, браничевски Игнатиј, зворничко-тузлански Фотије, милешевски Атанасиј, горњокарловачки Герасим, крушевачки Давид, славонски Јован, бихачко-петровачки Сергије, тимочки Иларион, нишки Арсениј, далматински Никодим, осечкопољски и барањски Херувим, ваљевски Исихиј, будимљанско-никшички Методиј, захумско-херцеговачки Димитриј, моравички Антониј, стобиски Давид, ремезијански Стефан, топлички Јеротеј, хвостански Јустин и мохачки Дамаскин.

Извор: spc.rs