Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

18.09.2022

На Светата Архијерејска Литургија во Соборниот храм на Светите апостоли Петар и Павле, во Шабац, Р. Србија, беше извршено востоличувањето на Неговото Преоствештенство Епископот шабачки г. Јеротеј. На Литургијата, како што е востановено при службите на востоличување, началствуваше Епископот кој се востоличува, г. Јеротеј, во молитвено присуство на Неговата Светост Патријархот српски г.г. Порфириј и на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован.

На Литургијата сослужуваа Високопреосвештените Митрополити: запорошкиот г. Лука, од Украинската Православна Црква на Московската Патријаршија и европскиот г. Пимен од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, и Преосвештените епископи: брегалничкиот г. Марко од Православната Охридска Архиепископија и шумадискиот г. Јован, браничевскиот г. Игнатиј, зворничко-тузланскиот г. Фотиј и нишкиот г. Арсениј, ваљевскиот г. Исихиј од Српската Православна Црква.

Молитвено беа присутни и Преосвештените епископи на Српската Православна Црква сремскиот г. Василиј, банатскиот г. Никанор, британско-скандинавскиот г. Доситеј, врањскиот г. Пахомиј, милешевскиот г. Атанасиј, горњокарловачкиот г. Герасим, славонскиот г. Јован, бихачко-петровачкиот г. Сергиј, осјечкополскиот и барањски г. Херувим, будимљанско-никшичкиот г. Методиј, захумско-херцеговскиот г. Димитриј, хвостанскиот и избраниот западноевропски г. Јустин, мохачкиот г. Дамаскин, марчанскиот г. Сава и умировениот канадски г. Георгиј.