Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

04.09.2022

Во дванаесеттата недела по Педесетница Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше во Ставропигијалниот манастир „Св. Јован Златоуст“, во Битола.

На Литургијата сослужуваше и беседеше по прочитаното Евангелие презвитерот Предраг Поповиќ од браничевската Епископија на Српската Православна Црква.

По богослужбата, пречесниот о. Предраг Поповиќ одржа предавање со наслов: „Храброста е јазикот на верата“.