Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

26.09.2021

Неговата Светост Патријархот српски г.г. Порфириј началствуваше на светата архијерејска Литургија во манастирот Ѓурѓеви Ступови, и во таа пригода, во тронот на Епископите будимљанско-никшички го воведе Неговото Преосвештенство г. Методиј.

На Претстоителот на Српската Православна Црква му сослужуваше Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, Високопреосвештените Митрополити дабробосанскиот г. Хризостом и црногорско-приморскиот г. Јоаникиј, како и Преосвештените Епископи: жички Јустин, шумадиски Јован, милешевски Атанасиј, дизелдорфски и германски Григорије, брегалнички Марко, рашко-призренски Теодосиј, западноамерикански Максим, крушевачки Давид, славонски Јован, буеносаирески и јужноамерикански Кирил, захумско-херцеговачки  Димитриј, ваљевски Исихиј, диоклијски и избран будимљанско-никшићки Методије, ремезијански Стефан и хвостански Јустин.

По завршетокот на Литургијата, беседеше Патријархот српски г.г. Порфириј, додека одлуката на Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква за изборот на Владиката Методиј за Епископ на Епархијата будимљанско-никшичка ја прочите Митрополитот дабробосански г. Хризостом. Потоа Неговата Светост го воведе Епископот Методиј во тронот на Епископите будимљанско-никшички.

Извор: http://spc.rs/sr/ustolichen_episkop_budimljanskonikshitshki_metodije