Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

19.09.2021

На 18 Септември, во соборниот храм „Свети Архангел Михаил“, во Белград, Неговата Светост Патријархот српски г.г. Порфириј началствуваше со чинот наречение на преподобниот архимандрит Дамаскин, избраниот Епископ мохачки, викар на Епископот бачки.

Утредента, на 19 Септември, на свечената Архиерејска Литургија во храмот „Свети Сава“, во Белград, беше извршено ракополагањето во епископски чин.

На Претстоителот на Српската Православна Црква му сослужуваа Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован и Преосвештените Епископи будимски Лукијан, бачки Иринеј, британско-скандинавски Доситеј, врањски Пахомиј, шумадијски Јован, зворничко-тузлански Фотије, милешевски Атанасиј, диселдорфски и германски Григориј, брегалнички Марко, рашко-призренски Теодосиј, горњокарловачки Герасим, крушевачки Давид, бихачко-петровачки Сергиј, нишки Арсениј, далматински Никодим, осечкопољски и барањски Херувим, ваљевски Исихиј, захумско-херцеговачки Димитриј, моравички Антоније, ремезијански Стефан, диоклиски и избран будимљанско-никшићки Методије, топлички Јеротеј, хвостански Јустин, и вомировените Епископи: зворничко-тузлански Василиј, канадски Георгиј и средноевропски Константин.