Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

12.09.2021

На 11 Септември, во соборниот храм „Свети Архангел Михаил“, во Белград, Неговата Светост Патријархот српски г.г. Порфириј началствуваше со чинот наречение на преподобниот архимандрит Јустин, избраниот Епископ хвостански.

На 12 Септември, на свечената Архиерејска Литургија во храмот „Свети Сава“, во Белград, беше извршено ракополагањето во епископски чин.

На Литургијата началствуваше Патријархот српски г.г. Порфириј, во сослужение со Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, и Преосвештените Епископи: сремски Василије, банатски Никанор, бачки Иринеј, британско-скандинавски Доситеј, врањски Пахомиј, шумадиски Јован, зворничко-тузлански Фотиј, милешевски Атанасиј, нишки Арсениј, буеносајреско-јужноамерички Кирил, далматински Никодим, осечкопољски и барањски Херувим, ваљевски Исихиј, моравички Антониј, стобиски Давид, ремезијански Стефан, диоклијски и избраниот будимљанско-никшички Методиј, топлички Јеротеј, вомировените  Епископи канадски Георгиј и средноевропски Константин, со избраните Епископи мохачки Дамаскин, марчански Сава и хумски Јован; многубројно свештенство и свештеномонаштво.

На крајот на службата поучно слово кон новоракоположениот Епископ г. Јустин изрече Неговата Светост Патријархот г.г. Порфириј, а потоа и Епископот хвостански Јустин се обрати со пригодна беседа.

Извор: http://spc.rs/sr/hirotonija_episkopa_hvostanskog_justina_jeremitsha_vikara_patrijarha_srpskog