Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

05.09.2021

Неговата Светост Патријархот српски г.г. Порфириј, на 5 Септември 2021 год., во сослужување со Преосвештените Архиереји, избраниот Митрополит црногорско-приморски г. Јоаникиј и крушевачкиот г. Давид, член на Светиот Архиерејски Синод на Српската Православна Црква, началствуваше на Светата Архиерејска Литургија во Цетињскиот манастир.

Во таа прилика Патријархот српски г.г. Порфириј ја спроведе одлуката на Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква и го востоличи новоизбраниот Митрополит црногорско-приморски г. Јоаникиј во древниот свештен трон на црногорско-приморските Митрополити.

По востоличувањето, Патријархот г.г. Порфириј и Митрополитот г. Јоаникиј пристигнаа во Соборниот храм на Христовото Воскресение во Подгорица, кадешто претходно беше отслужена Света Архијерејска Литургија на која началствуваше Архиепископот катарски г. Макариј од Јерусалимската Патријаршија во сослужување на многубројни Архијереи од повеќе помесни православни Цркви: Руската Православна Црква, Украинската Православна Црква, Бугарската Патријаршија, Полската Православна Црква, Православната Црква на Чешките и Словачки земји, Српската Православна Црква и Православната Охридска Архиепископија.

На Литургијата беше молитвено присутен Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, а сослужуваа Преосвештените Епископи полошко-кумановскиот г. Јоаким и брегалничкиот г. Марко.

 

Повеќе на следните врски:

http://spc.rs/sr/ustolichen_mitropolit_crnogorskoprimorski_g_joanikije

https://mitropolija.com/2021/09/05/patrijarh-i-mitropolit-u-podgorici-danas-se-raduje-citava-crkva-pravoslavna-i-nebeska-i-zemaljska/

https://mitropolija.com/2021/09/05/mitropolit-joanikije-svecano-ustolicen-u-tron-svetog-petra-cetinjskog-jevandjelje-hristovo-ce-biti-temelj-svega-sto-cu-raditi-i-graditi/