Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

28.08.2022

За „Пасхата на летото”, како што во Православното Христијанство уште и се нарекува големиот празник Успение на Пресвета Богородица, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован началствуваше на светата Архиерејска Литургија во манастирот „Успение Богородично“, во близината на Скопје.

Нему му сослужуваа Нивните Преосвештенства, Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко и Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид, како и свештенослужители од Православната Охридска Архиепископија.

После прочитаното евангелско чтение, Архиепископот охридски г. г.  Јован со вдахновена беседа му се обрати на народот, којшто се беше собрал на божествената Евхаристија.

На крајот од Литургијата со изрази на благодарност се обрати Епископот стобиски г. Давид.

Откако заврши светата Литургија, од страна на сестринството, коешто го празнува Успението Богородично како манастирска слава, за присутните беше подготвена трпеза.