Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

23.08.2022

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, на прославата по повод јубилејот 30 години Епископска служба на Неговото Преосвештенство Епископот врањски г. Пахомиј, беше одликуван со орденот „Св. Прохор Пчињски“.

На денот на 30 годишнината од неговото ракополагање во Епископски чин, Преосвештениот Епископ врањски г. Пахомиј началствуваше на Светата Архијерејска Литургија во соборниот храм „Св. Троица”, во Врање, во сослужување на Епископот мохачки г. Дамаскин, а на Литургијата беше молитвено присутен и Блаженејшиот Архиепископ Јован.

На крајот на Литургијата, Архиепископот г.г. Јован имаше пригодно обраќање кон Епископот домаќин г. Пахомиј, во кое се осврна на пастирското дело на Епископот домаќин, и му го честиташе јубилејот.

Епископот Пахомиј му се заблагодари на Архиепископот Јован, и го нагласи значењето на жртвата на Архиепископот Јован за единството на Црквата и неговата заслуга за надминувањето на расколот. Потоа му го додели орденот „Св. Прохор Пчињски“, кој го доделува Врањската Епархија, по одлука на Светиот Архиерејски Синод на Српската Православна Црква.