Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

14.08.2022

На денот на споменот на светите седум маченици Макавеи, нивната мајка Соломија и нивниот учител Елеазар, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован присуствуваше на Литургијата и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст, во Битола.

Пред почетокот на Литургијата беше извршен и чинот на изнесувањето на Чесниот Крст.

По Божествената Литургија, Неговото Блаженство Архиепископот Јован изврши мал водосвет.