Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

02.08.2022

Празникот на Св. Пророк Илија со црковно благолепие беше прославен во Манастирот Св. Прохор Пчински, во врањската Епископија на Српската Православна Црква.

На светата Архиерејска Литургија началствуваше Неговото Преосвештенство Епископот врањски г. Пахомиј во сослужување на Неговото Преосвештенство Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид од Православната Охридска Архиепископија, како и на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот кумановско-осоговски г. Григориј и на Неговото Преосвештенство Епископот стобиски г. Јаков од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. 

После прочитаното Евангелие беседеше Епископот стобиски Давид, а на крајот сите присутни ги поздрави Епископот врањски Пахомиј.

По завршувањето на Литургијата, сите Архиереји учествуваа во свеченото доделување на орденот „Св. Прохор Пчински“ на министерот за надворешни работи на Р. Србија г. Никола Селаковиќ. 

Во продолжение, во манастирската гостопримница беше организиран прием за Архиерејите и за високата делегација предводена од претседателот на Република Северна Македонија г. Стево Пендаровски, кои положија цвеќе пред спомен плочата на АСНОМ.