Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

29.08.2021

Во 10-тата недела по Педесетница, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован присуствуваше на Литургијата и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

На беседата по прочитаната евангелска перикопа рече дека верата за која Христос ги прекорува десетте апостоли кои останале во подножјето на планината Тавор додека тој на врвот на планината се преобразувал пред двајца од дванаесетте апостоли, дека ја немаат ниту колку синапово зрно, е директната врска која човекот ја остварува со Бога. Колку е верата во Бога поголема, толку повеќе и подлабоко Господ дејствува преку тие луѓе.