Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

28.08.2021

На празникот Успение на Пресвета Богородица, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Прилеп.

Во неговото слово на празникот, тој рече дека Богородица е мајка на целиот човечки род зашто Христос како Бог е во секој човек. Ако Богородица го раѓа Бога во тело, ги раѓа сите во кои е присутен Христос како Бог. Затоа не остави Господ нејзиното тело, кое му даде живот како човек, да вкуси распаѓање, туку веднаш по нејзиното заспивање ја пресели со тело во рајот.

Неговото Преосвештенство Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким служеше во параклисот посветен на Успението Богородично во Охрид.

Преосвештениот Епископ брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко служеше во Штип.

Преосвештениот Епископ стобиски и Местобљустител струмички г. Давид служеше во манастирот Успение Богородично, во Скопје.