Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

22.08.2021

Во 9-тата недела по Педесетница, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

Проповедајќи по прочитаниот дел од Евангелието рече дека Господ Исус Христос како законодавец на законите во природата, може истите да ги укине, како што тоа го прави со законот за гравитација кога оди на површината на Генисаретското езеро. Го укина законот на гравитација, истиот да не важи некое време и за апостолот Петар, но само додека Петар имаше вера дека Христос може тоа да го направи. Кога апостолот се посомнева дали неговиот учител може да управува со неподмитливите закони на природата, законот на гравитацијата се покажа неподмитлив и за него и тој потона.