Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

15.08.2021

Во осмата недела по Педесетница, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

Во својата беседа на прочитаната перикопа од Евангелието, Архиепископот истакна дека луѓето кои живееле во времето кога Христос го живеел својот земен живот, но не помалку и луѓето во нашата современост, се воодушевуваат на чудото како Тој нахранил 5000 луѓе само со пет лебови и две риби. Но, тие луѓе повеќе се интересираат за стомакот отколку за полнотата на духовниот живот и духовното единство со Оној кој имал моќ да го направи тоа материјално чудо. Не е поголемо тоа што Христос со пет лебови и две риби нахранил пет илјади луѓе, од тоа што Тој ни го отвара патот кон вечниот живот.