Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

08.08.2021

Во седмата недела по Педесетница, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

Во својата беседа тој истакна дека Господ Христос не дојде во светот да ги излечи луѓето од болестите во овој свет, туку дојде за да им го покаже патот кон вечниот живот. Пропратно тој лечи и тоа од секаков вид на болест, со што на сите ни покажува, дека може да го прави и она што на луѓето им изгледа како најважно, а тоа е да им го лечи телесното и душевното здравје. Но, просветлените сфаќаат дека човек колку и да е здрав не може да не биде поразен од смртта и затоа многу поважно им е тоа да се сремат кон Царството Божјо, отколку да бидат здрави во овој живот, а да ја изгубат ориентацијата за идниот.