Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

01.08.2021

Во 6-тата недела по Педесетница Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

Во својата проповед се осврна на делот од Евангелието според Јован што се чита во неделата на шесте вселенски собори што се совпадна со оваа 6-та недела по Педесетница. Христос во Својата првосвештеничка молитва, како се нарекува оваа молитва, не се моли за целиот свет, туку само за оние што му се доверени од Неговиот Отец. Божјото провидение знае кој со вера би одговорил на предлогот да влезе во вечно постоење. За нив се моли Христос, зашто ако се моли да се спасат и тие што не сакаат да се спасат, тогаш таквиот живот за нив би бил под принуда, не слободен. Оној пак, што го обдарил човекот со најголемиот дар, слободата, нема волја да го лиши од таквиот привилигиран статус. Така, во вечноста ќе влезат само тие кои ќе го имаат благоволинието на Бога Отца, но и самите ќе сакаат, ќе покажат добра волја и труд да влезат во вечен живот.