Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

25.07.2021

Во петтата недела по Педесетница, Неговото Блаженство,  Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

На беседата на прочитаната евангелска перикопа истакна дека демоните кои беа влегле во демонизираниот човек, веднаш го препознале Христос и му рекле „Зошто дојде Христе пред време да нѐ мачиш.” Демоните се значи свесни дека некогаш ќе бидат поставени на маки, но уверени се дека тоа нема да биде пред крајот на светот. Можеби крајот на светот навистина е далеку, мерено со ова створено време, но за нас луѓето денот на смртта е крај на животот во овој свет, а тој не е далеку дури и да биде по 100 години. Тоа што ние луѓето не можеме со таква леснотија да го препознаваме Господа, како што тоа можат ангелите, па и демоните се должи на нашата заробеност во телата што ги носиме. Но, таа заробеност има свои предности, преку болка да стигнеме до покајание, а демоните кои се бестелесни, немаат болка, но немаат ниту покајание.