Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

11.07.2021

Во третата недела по Педесетница, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

Во беседата на прочитаната перикопа од Евангелието кажа дека христијанинот кој го одбира царството Божјо за негов вечен идентитет, во овој земен живот треба да се препушти да биде воден  од Господа Христа, а ако му се препушти нему, нема да остане ниту гладен, ниту жеден, ниту необлечен, зашто Бог се грижи за нас повеќе отколку што сами можеме да се грижиме за себе.