Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

04.07.2021

Неговата Светост Патријархот српски г.г. Порфириј на 04-ти Јули 2021 г., началствуваше на светата Архиерејска Литургија во Спомен храмот „Свети Сава“ на Врачар, во Белград, на којашто беше ракоположен во Епископски чин високодостојниот архимандрит Јеротеј (Петровиќ), со титула Епсикоп топлички, викар на Патријархот српски.

На Литургијата сослужуваше и Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, како и мноштво Архиереји од Српската Православна Црква и Архиереји од автономната Православна Охридска Архиепископија.

Претходниот ден во соборниот храм посветен на Светите Архангели, во Белград, беше извршено наречението на новоизбраниот викарен Епископ топлички Јеротеј.

 

Повеќе на следните врски:

http://spc.rs/sr/hirotonija_episkopa_toplichkog_g_jeroteja_vikara_patrijarha_srpskog

http://spc.rs/sr/narechenje_arhimandrita_jeroteja_petrovitsha_za_episkopa_toplichkog