Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

27.06.2021

На величественото литургиско собрание во храмот посветен на Воскресенето Христово, во Ваљево, Неговата Светост Патријархот српски г.г. Порфириј свечено го воведе во тронот на Епископијата ваљевска Неговото Преосвештенство Епископот ваљевски г. Исихиј, на кого Светиот Архиерејски Собор на мајското заседание му ја довери духовната грижа за народот Божји во областа кадешто се наоѓаат светите мошти на новопросветените светители на Црквата Христова, Светиот Владика Николај охридски и жички и преподобниот Јустин Келијски.

На востоличувањето молитвено присуствуваше и Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, како и мноштво Архиереји од Српската Православна Црква и Архиереји од автономната Православна Охридска Архиепископија.

 

Повеќе на следната врска:

http://spc.rs/sr/episkop_isihije_svechano_ustolichen_u_tron_eparhije_valjevske