13.05.2023
На саботата од четвртата седмица по Пасха Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола
На саботата од четвртата седмица по Пасха, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст, во Битола. Нему му сослужуваше светогорскиот духовник о. Теологос.
По Литургијата, Архиепископот Јован изврши помен на упокоениот татко по тело на настојателката на манастирот, с. Магдалина, г. Љупчо Ицов.