Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

19.05.2022

Илјадници верници денес, 19 Мај 2022 год., го исполнија соборниот храм Св. Сава во Белград, каде што на светата Архијерејска Литургија началствуваше Неговата Светост Патријархот српски г.г. Порфириј во сослужување на Архиепископот г. г. Стефан и повеќе архијереи на Српската Православна Црква и Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, во молитвено присуство на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован.

Со сослужувањето на светата Литургија, после повеќе од половина век искушение, воспоставено е меѓусебното литургиско и канонско заедничарење на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија со Српската Православна Црква, а преку неа и со останатите помесни православни Цркви.

Во продолжение ја пренесуваме беседата на Неговото Блаженство Архиепископот охридски г. г. Јован изговорена по повод остварувањето на спомнатото литургиско и канонско единство.