Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

21.04.2023

На празникот на Живоприемниот извор, кој е втора слава на Ставропигијалниот манастир „Свети Јован Златоуст“, во Битола, Неговото  Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован началствуваше на Светата архијерејска Литургија во овој манастир. Нему му сослужуваше Неговото Преосвештенство Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким, кој го изврши благословувањето на Петолебието.

На Светата Литургија, покрај свештенството на Православната Охридска Архиепископија, сослужуваше и пречесниот протојереј-ставрофор о. Јован Милановиќ, ректорот на богословијата „Свети Арсениј“, во Сремски Карловци, Србија, кој со учениците на оваа богословија го посетија Ставропигијалниот манастир „Свети Јован Златоуст“.

На крајот на Литургијата, Неговото Блаженство Архиепископот Јован го благослови празничното коливо, а по Светата Литургија, го изврши чинот на водосвет.