16.04.2023
Воскресението Христово прославено во сите богослужбени места на Православната Охридска Архиепископија
Светата Пасха, Воскресението Христово, празникот над празниците, денес беше прославен во сите богослужбени места на Православната Охридска Архиепископија.
Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован на денот над сите денови, Велигден, служеше божествена Архиерејска Литургија во Ставропигијалниот манастир „Св. Јован Златоуст“, Битола.
Неговото Преосвештенство Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким богослужеше во Охрид.
Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко богослужеше во Штип.
Неговото Преосвештенство Викарниот Епископ стобиски и Местобљустител струмички г. Давид богослужеше во Скопје.
Божествена Литургија беше отслужена и во сите останати богослужбени места на Православната Охридска Архиепископија.
Христос Воскресна!