25.04.2022
На Светол Понеделник Архиепископот Јован служеше во параклисот Св. Нектариј Егински, во Скопје
На Светол Понеделник, вториот ден од прославувањето на Воскресението Христово, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован богослужеше и проповедаше во параклисот Св. Нектариј Егински, во Скопје.
Во својата беседа, Неговото Блаженство истакна дека Христовото Воскресение ни го осмислува животот, и треба да ни биде нешто најбитното во животот, затоа што имало и ќе има многу учители, но само Христос е Учител Кој нѐ учи за Вечниот Живот, и тоа нè учи не како некои кои едно поучуваат, а друго прават, туку така што Самиот го исполни сето она за што поучуваше.