24.04.2022
Прослава на Воскресението Христово во Православната Охридска Архиепископија
Празникот на Воскресението Христово во Православната Охридска Архиепископија и покрај суптилниот државен прогон којшто се врши врз канонската Црква, првенствено со неспроведување на одлукатата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур за нејзино регистрирање, и оваа година беше отпразнуван со особена радост. На литургиските собранија беше прочитано посланието на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован коешто прозвучи актуелно во времето во коешто живееме.
Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован за Пасха богослужеше во Ставропигијалниот манастир „Свети Јован Златоуст“, Битола.
Неговото Преосвештенство Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким богослужеше во Охрид.
Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко богослужеше во Штип.
Неговото Преосвештенство Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид богослужеше во Скопје.
Овој празник на победата на животот над смртта, беше торжествено прославен и во сите други богослужбени места на Православната Охридска Архиепископија во нашата татковина.
Христос Воскресна!