Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

21.04.2022

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован на Велики Четврток сослужуваше на светата архијерејска Василиева Литургија во стариот соборен храм Св. Архангел Михаил, во Белград, на која началствуваше Неговата Светост Патријархот српски г.г. Порфириј. На Литургијата сослужуваше и Преосвештениот Епископ брегалнички г. Марко, заедно со Преосвештените Епископи: будимскиот Лукијан, врањскиот Пахомиј, шумадискиот Јован, крушевачкиот Давид, тимочкиот Иларион, нишкиот Арсениј, ваљевскиот Исихиј, топличкиот Јеротеј, марчанскиот Сава и вомировениот канадски Георгиј, заедно со бројно свештенство.

Во текот на светата Литургија, со свечен чин беше осветено светото миро кое беше варено од Велик Понеделник до Велика Среда.