Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

11.03.2023

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован на покана од Неговото Преосвештенство Епископот будимски г. Лукијан, ја посети будимската Епархија на Српската Православна Црква.

Архиепископот Јован пристигна во Будимпешта во петок, 10 март, каде што, во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј беше пречекан од епископот домаќин, Неговото Преосвештенство г. Лукијан.

Во саботата, на вториот ден од посетата, Амбасадорот на Р. Србија во Унгарија г. Иван Тодоров, организираше прием за Неговото Блаженство Архиепископот Јован во просториите на амбасадата. На средбата Неговата Екселенција г. Иван Тодоров го истакна непроценливото значење на историскиот настан на воспоставувањето на канонско единство помеѓу Српската Православна Црква и Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и ја нагласи клучната улога на Архиепископот Јован во процесот на помирувањето.

По текот на попладневните часови, истиот ден, Архиепископот Јован ја посети Соборната црква во Сентедре, каде што Епископот Лукијан го запозна со историските и сегашните прилики во кои функционира будимската епархија во Унгарија.

Во Сентандре Архиепископот Јован се сретна и со Високопреосвештениот Митрополит будимпештански г. Иларион (Алфеев) од Руската Православна Црква со кого беа разменети мислења и искуства од пастирските предизвици на Православната Црква во светот денес.

Во вечерните часови, Неговото Блаженство го одржа најавеното предавање на тема „Современото христијанство засновано на вредностите на Преданието“ во просториите на задужбината Текелијанум, во Будимпешта.

На предавањето присуствуваа амбасадорите на Р. Србија г. Иван Тодоров и Р. Босна и Херцеговина г-ѓа Биљана Гутиќ-Бјелица, српскиот паркламентарец во унгарскиот парламент г. Љубомир Алексов, свештенство и броен народ.

Предавањето во живо го пренесуваше Телевизија Варош, а во продолжение пренесуваме целосна снимка од овој настан.