10.02.2023
Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко богослужеше во нишката Епископија
Со благослов на неговото Преосвештенство, Епископот нишки г. Арсениј, на празникот на Светиот Ефрем Сирин, неговото Преосвештенство, Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко, служеше света Литургија во манастирот посветен на светите Архангели во близината на градот Прокупље. Нему му сослужуваа свештенослужители од нишката Епископија.
По прочитаното Евангелие, со пригодна беседа на присутните им се обрати Епископот г. Марко, воедно честитајќи му го и именденот на игуманот на манастирот, јеромонахот Ефрем.
На крајот од Литургијата беше благословено коливото и славскиот колач, а потоа за сите присутни беше приредена трпеза.