09.02.2023
Прослава на празникот на преносот на моштите на Св. Јован Златоуст
На празникот на преносот на моштите на Свети Јован Златоуст, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован присуствуваше на Литургијата и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст, во Битола.
На крајот на богослужбата, Неговото Блаженство Архиепископот Јован го благослови празничното коливо.