Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

09.01.2022

Во неделата по Рождество Христово Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован беше присутен и проповедаше на Литургијата во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

На проповедта по прочитаното Евангелие рече дека секогаш пред човек да започне да ја исполнува волјата Божја може да чувствува страв од непознатото низ кое поминува исполнувањето на волјата Божја. Дури и сега толку векови оддалечени од времето кога Светото семејство отишло во Египет, а кога постојат толку многу сигурносни механизми, кога некое семејство заминува од својата татковина во потрага по подобар живот постои голема неизвесност во оние што заминуваат. Како ќе помине патот, како ќе се снајдат во туѓа земја, дали некогаш ќе се вратат во својата татковина? Тие дилеми ги имал и праведниот Јосиф, но знаел дека ако заминувањето во Египет е Божја волја, тогаш најразумно е во ништо да не се сомнева, зашто Господ ќе земе сѐ под своја грижа. И не погрешил.