Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

08.01.2022

На празникот Собор на Пресвета Богородица кој се празнува на вториот ден на Рождеството Христово, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше Божествена Литургија и проповедаше во параклисот „Св. Нектариј Егински“, во Скопје.

Во својата беседа после прочитаното Евангелие тој истакна дека Христос иако е творец на целото создание, и на нашиот свет, сепак Тој во светот не влегува на сила, туку по согласност од човекот. А во лицето на Пресветата Богородица целото човештво ја даде таа согласност. Затоа и толку ја почитуваме Богородица, и ја прославуваме веднаш по празникот на Христовото Рождество, а и после најголемиот од сите празници – Воскресението, првиот празник што се празнува – Животоприемен Источник е посветен на Богородица.