Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija
 

Вести


 

Синаксар


 

Издаваштво


Прашања, одговори
и коментари


 

Врски


 

Видео и аудио записи


 

Архиепископ


Свет
Архиерејски
Синод


 

Историја


 

Организација
и адреси


 

Библиотека




English Version

1000 години Охридска Архиепископија

Омилија на Архиепископот Јован на прославата на јубилејот 1000 години Охридска Архиепископија

1100 години Свети Климент Охридски

Омилија на Архиепископот Јован на прославата на 1100 години од блаженото упокоение на Свети Климент Охридски


RSS  rss
YouTube  YouTube


рубрика: вести

07.05.2021

На празникот на Живоприемниот извор, кој е втора слава на  Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола, зашто храмот што го сруши власта на Бранко Црвенковски во 2004 година, а по наговор на расколничката МПЦ, беше посветен токму на овој празник, Неговото  Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во тој манастир.

По Литургијата, тој направи мал водосвет и го освети празничното коливо.


рубрика: вести

06.05.2021

На денот на споменот на Св. вмч. Георгиј, Неговото Блаженство,  Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.


рубрика: вести

03.05.2021

На Светол Понеделник, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.


рубрика: вести

03.05.2021

На јавноста ѝ е познато дека Бугарската Православна Црква (БПЦ), почитувајќи го канонскиот поредок во Православието, ја одби непристојната понуда упатена од непризнатата МПЦ, со која непризнатата МПЦ бараше БПЦ да ѝ стане мајка црква.

Во Бугарската Патријаршија постојат мноштво одговорни личности, кои внимателно го следат прогонот што властите на Република Северна Македонија и непризнатата МПЦ го спроведуваат врз канонската Православна Охридска Архиепископија.

Неодамна, почитуваната Искра Маринова, за да ѝ го долови на бугарската јавност споменатиот прогон, ги преведе на бугарски јазик стиховите, кои Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован ѝ ги напиша, и, ѝ ги посвети на неговата неодамна блаженоупокоена мајка Галена Вранишкоска.

Во продолжение ги пренесуваме предочените стихови на бугарски јазик.

 

Архиепископ Йован Вранишковски: Майчината сълза

 

И радост, и тъга сълзата ти крие,

като че всички тайни e сбралa,

въздишки безброй, но и надежда твърда,

все пак Христос победи смъртта.

 

Любовта ти за вечността ме роди,

защото така истинската любов ражда,

на коляното ти аз, буки, веди учех

и още като дете от теб кръста приех*.

 

Не жаля, че с Христа твой и аз сега вися на кръста,

защото там съм виждал и тебе преди,

в разпнатата любов за своето чедо –

като Христовата – за живота на света.

 

Кръст без сълзи не можеш да носиш,

защото кръстът ражда и болка, и тъга,

но в тия сълзи, о майко, радост съзирам,

ти все пак знаеш: Христос победи смъртта!

 

 - - -

 

Петров пост, 2006 г.

/Когато властите в Р. Македония готвят поредния затвор за владиката/

 

*Доброволно приема да живее като православен християнин.

 

Врски: sretenie.bg, poa-info.org


рубрика: вести

02.05.2021

На Пасха Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.


рубрика: архиепископ\посланија

Ј О В А Н

по милоста Божја, Архиепископ охридски и Митрополит скопски,

до целата полнота на нашата најсвета Архиепископија Охридска

 

 

Благодат, милост и мир, од воскреснатиот во слава, Господ и Бог и Спасител наш Исус Христос.

 

Браќа сослужители и чеда во Христа возљубени,

 

Меѓник на животот е смртта, но меѓник на смртта е воскресението од мртвите. Сите родени ќе умрат, но не сите умрени ќе воскреснат за вечен живот. За воскресението во вечен живот потребна е вера во Христа кој воскресна од мртвите, но потребно е исто така исполнување на Неговите заповеди. Со други зборови, потребна е вера и потребни се дела согласни на верата.

Човекот од дамнина се бори со смртта, но никако да ја победи, напротив, таа го победувала него.

Како да се бие битката со смртта? Како да се победи истата? Паднатиот човек никогаш сам не можеше да дознае. Потребно беше некој да му открие, но откривањето да го направи не некој гатач, туку некој кој веќе ја победил смртта.

Ете затоа слезе Господ во овој смртен свет. Слезе зашто знае колку е паднатиот човеков живот беден без вечноста. Но, би можел да знае и да не слезе, ќе рече некој. Да, би можел ќе речеме, само ако не беше Бог. Тој ја љуби својата творба, а тоа сме ние луѓето. И тоа, ја љуби до жртва.

Таквата голема љубов го умоли да слезе меѓу нас луѓето, иако знаеше дека ако се роди како човек ќе мора да умре. Сепак, тоа не го поколеба, иако како Бог смртта му е туѓа и несвојствена. Умре, за нам, на луѓето да ни го покаже патот кон вечноста.

Се намачи, но успеа. Денес ние знаеме дека без крст нема воскресение, без мака и труд во овој живот, вечноста е далека до недостижност. А толку голема потреба имаме од живот вечен, зашто овој живот е како сенка и како сон.

За верникот да го научи патот кој води до вечен живот, сосема е доволно Христос еднаш да биде распнат и да воскресне, но за љубовта Христова кон секој човек поединечно тоа не е доволно. Тој е подготвен да се распне и да пострада за секоја личност од овој свет поединечно, дури и за неверникот.

Такво е Неговото крајно смирение, смирение до степен доброволно да прими распетие, за да му ја затвори устата на секого што е маловерник или кој им се спротивставува на оние кои се движат кон вечноста.

 

Христос е нашата пасха, браќа и сестри, премин кон нов живот, воскресение наше за живот во невечерниот осми ден. Тој ги зеде на себе нашите гревови како би можеле ние да станеме учесници во новиот живот кој ни се нуди во ветеното Царство Христово. Зашто натоварени со гревови и ако во нив непокајано останеме, преминот кон Царството на нашиот Бог ќе биде невозможен и каков било бескраен живот би ни претставувал само бескрајна мака.

Пандемијата од вирусот COVID 19 што ја зафати планетата Земја минатата година, продолжи и оваа. Многу наши роднини, пријатели и познаници беа принудени прерано да си заминат од животот. Но, никој не може со точност да објави кога светот ќе излезе од лошата ситуација во која е западнат. Затоа, ние христијаните треба да сме мудри. Додека не се надмине пандемијата да ги почитуваме мерките кои ги определила Светската здравствена организација, но истовремено да продолжиме со секојдневието одговорно, како доликува на оние кои имаат надеж во спасителното дело на воскреснатиот Христос. Не ги почитуваме мерките за да се заштитиме само себеси, туку за да го заштитиме и ближниот. Така ни вели христијанската совест. Можеби верата некому може да му допушти и повеќе слобода, но да внимаваме да не соблазниме некого со нашата слобода, зашто во наша близина живеат многумина за кои Воскреснатиот не значи ништо и несфатливи им се вредностите кои ги раѓа воскресението Христово.

Пред еден месец Апелациониот суд во Скопје со конечно решение одби да ја регистрира нашата Црква како верска заедница во Република Северна Македонија. Секако како и до сега, со единствено образложение дека така им било наредено од извршната власт. Судот за човекови права во Стразбур уште пред три и пол години донесе пресуда да се регистрира Охридската Архиепископија, но сегашнава како и претходната извршна власт која е во џебот на некои владици на МПЦ, издејствува од судот, кој патем речено е „независен ” од извршната власт, да го одбие извршувањето на пресудата од ЕСЧП. Пресметката на власта била многу логична. Република Северна Македонија и онака нема никаков меѓународен углед, барем премиерот нема да се замери со владиката од МПЦ кој му е духовник. Пресметките кои ги прави премиерот се навистина многу логични, но од нив само малкумина имаат полза. И тоа не би требало да ни е чудно. Па, нели партиите се формираат за од нив да имаат полза нивните членовите, не мнозинството граѓани.

Чеда во Христа воскреснатиот возљубени,

Христос е нашата сила и заштита како во овој свет, така и во идниот живот. Оној кој свесно, па дури и несвесно прави зло на Црквата, од кои било причини, зло му прави на Воскреснатиот од мртвите. Црквата е Негово тело, па како што никогаш аир не видоа оние кои го распнаа и крвта Негова навистина падна на нив и на нивните деца, за жал на побожните, а за радост на демоните, така ќе биде и овој пат. Оние кои ги попречуваат христијаните слободно да го објавуваат и да му служат на воскреснатиот, повторно го распнуваат Христа и неоправдано е од него да очекуваат благослов за нивните злодела. Штетата би била само за нив, доколку таквите богоборци не би биле со јавни функции. Но, ако противниците на Црквата се на јавни функции, може да немаат благослов како поединци, но таа безблагодатност се пренесува и врз сите јавни функции кои тие ги извршуваат, па заради нивниот грев страда целиот народ.

За разлика од нив, ние сме одбрале само еден пат, пат кој води кон Воскреснатиот Бог, нему нека му е слава во вековите на вековите.

 

Христос воскресе!

 

На Пасха, 2021 година

Ваш молитвеник пред воскреснатиот Христос
+Архиепископ охридски
и Митрополит скопски Јован




ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!



Од: Информативната служба на Православната Охридска Архиепископија


рубрика: свет архиерејски синод\посланија

ПОРФИРИЈЕ

по милости Божјој

православни Архиепископ пећки, Митрополит београдско-карловачки и Патријарх српски, са свим архијерејима Српске Православне Цркве – свештенству, монаштву и свим синовима и кћерима наше свете Цркве: благодат, милост и мир од Бога Оца, и Господа нашега Исуса Христа, и Духа Светога, уз радосни васкршњи поздрав:

Христос васкрсе!

 

Целиот текст на пасхалното послание на Српската Православна Црква на следниов линк: http://spc.rs/sr/vaskrshnja_poslanica_srpske_pravoslavne_crkve_3


рубрика: вести

01.05.2021

На Вечерната на Велика Сабота Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

© православна охридска архиепископија 2004-2021