Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

19.04.2021

Апелациониот суд во Скопје ја одби жалбата на Православната Охридска Архиепископија да биде исполнета пресудата од Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП).

Имено, дури по цели три и пол години „темелно размислување и проучување”, Основниот граѓански суд во Скопје, во Јануари 2021 г., го одби барањето на Православната Охридска Архиепископија за исполнување на пресудата на ЕСЧП во Стразбур за регистрација на оваа верска заедница, а со едноставно образложение дека така му се сакало на првоминистерот Зоран Заев, за кој не е тајна дека по сите религиозни прашања е индоктриниран од струмичкиот митрополит на непризнатата МПЦ, Наум.

За тоа колку верска слобода има во Република Северна Македонија знае целиот свет, освен новинарите во оваа држава, кои нотираат дека Република Бугарија не ги регистрира здруженијата во таа држава, кои ги добиле случаите во ЕСЧП, а не им пречи тоа што во нивната држава една верска задница полни шеснаесет години не е регистрирана.

Сепак, секое зло за свое добро, вели народот, зашто потсмевот и подигравката паѓаат на претседателот на државава Стево Пендаровски и на првоминистерот Зоран Заев, коишто праќаат писма до Вселенската Патријаршија за признавање на МПЦ, а во државата во која тие се челници, токму по нивна заложба на се прифаќаат пресудите од ЕСЧП, кои се однесуваат на верските слободи.

Од Светиот Архиерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија