26.08.2014
Соопштение за јавноста
Светиот Архијерејски Синод на Српската Православна Црква на својата проширена седница на 26-ти Август оваа година, донесе одлука да поведе црковно-судска постапка против архиепископот Стефан, поглаварот на „Македонската Православна Црква“, која се наоѓа во раскол со Православната Црква, заради упорното останување во раскол, нехристијанското учество во прогонот на Архиепископот Јован, канонскиот поглавар на автономната Охридска Архиепископија, и неговото свештенство, монаштво и верен народ, како и заради низа други антиканонски активности.
Од Канцеларијата на Светиот Архијерејски Синод