Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija
→ English

24.05.2014

Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква одржа редовно заседание од 14-ти до 24-ти Мај 2014 година. Соборот објави Соопштение за неговата десетдневна работа, во коешто во еден дел се осврнува и на канонската Црква во Р. Македонија, Православната Охридска Архиепископија.

Во предочениот дел од конечното Соопштение, Соборот истакнува дека: „властите во Р. Македонија и понатаму, врз основа на судската фарса, го држат во затвор, во нечовечки услови, Архиепископот охридски Јован, а истовремено вршат притисок со закани за пресуди од сличен вид и врз останатите Епископи, свештеници, монаси, монахињи и верници на автономната Охридска Архиепископија.

Соборот повторно, по којзнае кој пат, апелира кон сите одговорни, да направат сè за ослободување на политичкиот затвореник број еден во современа Европа, Архиепископот Јован, и за прекин на последниот верски прогон во Европа, прогонот врз Охридската Архиепископија.

Соборот им е благодарен на сестринските Православни Цркви, на Светскиот Совет на Црквите, на Конференцијата на Европските Цркви, на организациите за заштита на човековите права и на многу угледни личности за нивното завземање во однос на ова болно прашање.“

Соборот се осврна и на многу други битни прашања од животот на Црквата.

 

Целосниот текст на Соопштението:

http://spc.rs/sr/saopshtenje_za_javnost_svetog_arhijerejskog_sabora