Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

Се известуваат заинтересираните за учење на источно црковно пеење дека со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован на неколку места на територијата на Охридската Архиепископија ќе се одржуваат вежби за совладување на источното црковно пеење. Вежбите ќе ги одржува Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и местобљустител битолски г. Марко.

Во Скопје вежбите ќе се изведуваат во параклисот „Свети Нектариј Егински” секоја сабота почнувајќи од 20 Февруари (Тодорова сабота) со почеток во 16 часот;

Во Штип во параклисот „Свети Николај Мирликиjски” секоја недела почнувајќи од 21 Февруари (Недела на Православието) со почеток во 12 часот;

Во Битола во Ставропигијалниот манастир „Свети Јован Златоуст” секој понеделник почнувајќи од 22 февруари (Свети мч. Никифор) со почеток во 15 часот.