24.10.2008
Соопштение од Светиот Архиерејски Синод на Српската Православна Црква
Светиот Архиерејски Синод на Српската Православна Црква, после денес одржаната седница во Патријаршијата, во Белград, ја известува јавноста дека Неговата Светост Патријархот српски г.г. Павле, врз основа на членот 111, од Уставот на Српската Православна Црква, поднесе молба, со којашто, поради здравствени причини и немоќ, го замолува Светиот Архиерејски Собор, на своето претстоечко есенско редовно заседание, на 11 Ноември 2008 год., да му одобри повлекување од активната служба.
Светиот Архиерејски Синод оваа молба на Неговата Светост Патријархот српски г.г. Павле ја достави во надлежност на Светиот Архиерејски Собор.