Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

06.09.2007

Светиот Архијерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија со благонаклоност ја прими веста дека Собранието на Р. Македонија го изгласа новиот закон за правната положба на верските заедници.

Погрешното толкување на стариот закон за верски заедници и религиозни групи им нанесе многу штети на Архијереите, клирот и верниците на Православната Охридска Архиепископија. Цели пет години, на припадниците на Православната Охридска Архиепископија им беа кршени основните човекови права и слободи.

Светиот Архијерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија се надева дека заврши времето на државен терор врз верските слободи во Р. Македонија, и дека со новоизгласаниот закон за верските заедници, Православната Охридска Архиепископија ќе добие правен статус во државата.